Брутална тепачка на првиот концерт на турнејата на Бијонсе/ВИДЕО

46

Првата вечер од турнејата „Cowboy Carter“ на Бијонсе се претвори во хаос откако изби тепачка во ВИП салонот на стадионот SoFi во Инглвуд, Калифорнија.

Група жени, сите облечени во тексас и каубојска опрема, се скарале, а потоа се степале, а една од нив дури завршила на подот, пренесува Дејли Мејл.

По концертот, неидентификуваните жени беа видени како врескаат една на друга во лица, а присутните се обидуваа да ги спречат додека се движеа кон излезите.

Снимката до која дојде ТМЗ, а потоа беше објавена на социјалните мрежи, прикажува група жени како се расправаат пред да влезат во физичка пресметка во ВИП делот на стадионот СоФи.

Жените се туркале, додека неколку лица се обиделе да интервенираат.

Завршиле на подот, а имало и влечење за коса и удирање.

Сè се случило по концертот, а инцидентот фрли сенка на целиот спектакл.

На крајот, непознат маж влетал да ги раздвои разбеснетите жени.

„Уште еден настап по настапот на Бијонсе“, се пошегува еден човек во позадина.

ИЗДВОЕНИ