Јанг Дади успеа најпрво да се наметне со песната „Лидија, качи се, па види ја“, која стана општоприфатена и певлива на сите забави, журки, прослави… А, потоа тој се наметна и со шеговитата песна „Син на мама“. За оваа втората има снимено и мошне интересен, духовит спот.
Македонскиот музичар познат по мегахитот „Син на мама“, Јанг Дади, деновиве е во голема креативна „експлозија“. Тој подготвува супермовогодишна журка, и тоа на денот пред најлудата ноќ (во организација на “Авалон“). И тоа за цела Македонија, која е поканета, иако ќе се одржи настанот во „Т-Арена“ во Скопје, на 30 декември. Одбројувањето почнува веќе од денес. Јанг Дади ќе настапи пред публиката со бенд во живо, на целосно продукциски и визуелно збогатен мултимедијален спектакл.
Вели дека ќе ги спои своите најголеми хитови со специјални гости, кои со себе ја носат новата креативна визија, а кои биле дел од неговото музичко патување уште од самиот почеток. Со своите пријатели, соработници и музичари не само од Македонија туку и од поранешна Југославија. Воедно, тоа ќе биде и голема прослава на македонската трап-музика.
Всушност, позитивно расположениот Јанг Дади успеа да се наметне најмногу со песната „Лидија, качи се, па види ја“, која стана општоприфатена и певлива на сите забави, журки, прослави… А, потоа тој се наметна и со шеговитата песна „Син на мама“. Сè на сè, Дади сериозно ја зацврсти својата позиција на домашната хип-хоп сцена. (Д. М.)












