понеделник, октомври 5, 2026
Дома СВЕТ Прв случај по 400 години – За апсењето поврзано со Епстин поранешниот...

Прв случај по 400 години – За апсењето поврзано со Епстин поранешниот принц Ендру ја тужи полицијата

1
EPA/NEIL HALL

Поранешниот британски принц, Ендру Маунтбатен-Виндзор, кој беше приведен со големо медиумско внимание пред осум месеци, побара од судијата да утврди дали било законско однесувањето на полицајците кон него, објави британски „Телеграф“.

Тој побарал судска ревизија на налозите за претрес што ѝ дозволиле на полицијата да изврши рација во неговиот дом на имотот Сандрингам и во неговата поранешна резиденција „Ројал Лоџ“ во Виндзор. Ова е првпат од судењето на Чарлс I во 1649 година член на кралското семејство да ја оспори легалноста на кривичната постапка против него.

„Телеграф“ тврди дека подоцна оваа недела ќе се одржи затворено рочиште во Високиот суд, каде што ќе се донесе одлука за објавување одредени судски документи во врска со овој судски преглед.

Поранешниот принц беше уапсен во февруари, на својот имот „Марш фарм“ во Норфолк, на својот 66. роденден, по објавувањето материјал од досиејата на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, што сугерира дека, можеби, споделувал чувствителни информации со него додека бил трговски претставник на Велика Британија помеѓу 2001 и 2011 година. Откако бил однесен во полициската станица Ејлшем, тој бил испрашуван речиси 12 часа, под сомнение за злоупотреба на службената положба.

ИЗДВОЕНИ