Останува искрено да се надевам дека сè ќе биде во најдобар ред и дека јас и Тереза заедно на сцена ќе ја пееме секогаш омилената „Пријатељи стари, гдје сте“ – изјави драгата Калиопи за весникот ВЕЧЕР

Славната поп-пејачка и интерпретаторка на многу хитови, Тереза Кесовија (Моја посљедња и прва љубави, Сунчане фонтане, Љубав је мој гријех, Ноно добри мој ноно, Музика и ти, Кад порастеш сине, Свирај ми свирај, На кушину, Ко ми је крив, Нима Сплита до Сплита, Молим те остани, Тајна живота, Старе љубави, Сутра је нови дан, Испијмо чаше све до дна, Променаде…..македонскиот хит Охрид и јас….), минатиот викенд го прослави својот 88. роденден, но не во некој ресторан со торта и со пијалаци, туку во клиничката болница „Дубрава“ во Загреб, со тост и со јогурт. Тереза заздравува од срцеви проблеми, поради кои итно беше хоспитализирана. Се чувствува многу подобро, но поради здравствените проблеми, распродадените концерти во салата „Ватрослав Лисински“ се откажани. Ексклузивна гостинка на Тереза, на тие концерти требаше да биде македонската поп-дива Калиопи.

– Тереза Кесовија лично ми се јави и ме покани да бидам единствена ексклузивна гостинка на нејзините распродадени проштални концерти во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Бев многу среќна, се радував од земја до небо. Тереза е моја долгогодишна пријателка, долго време и вие, новинарите, ме споредувавте со нејзиниот темперамент и со начинот на интерпретација. За жал, работите преку ноќ се сменија, па во меѓувреме стигна информацијата дека Тереза има сериозни срцеви проблеми. Итно беше пренесена на лекување, со што и концертите се одложени. Останува искрено да се надевам дека сè ќе биде во најдобар ред и дека јас и Тереза наскоро заедно на сцена ќе ја пееме нејзината незаборавна и секогаш омилена „Пријатељи стари, гдје сте“ – изјави драгата Калиопи за весникот ВЕЧЕР.

(Д. М.) фото:архива

 

 

ИЗДВОЕНИ