петок, јуни 26, 2026
Дома СВЕТ Бројот на жртви во Венецуела се зголемува: Речиси 1.000 жртви – секое...

Бројот на жртви во Венецуела се зголемува: Речиси 1.000 жртви – секое спасено лице е чудо/ВИДЕО

0
screenshot X

Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез, изјави дека бројот на жртви во земјата по земјотресот се искачи на 920. Родригез рече дека најмалку 3.360 лица се повредени, додека 172 лица сè уште се водат како затрупани под урнатините.

„Најмалку 3.000 луѓе ги загубија своите домови“, рече тој, додавајќи дека околу 1.400 згради, вклучувајќи 13 болници и 25 трговски центри, се оштетени.

Во телевизиско обраќање, претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, изјави дека 243 лица се спасени од погодените подрачја од катастрофата.

„Секое спасено лице е чудо“, рече тој.

Тој додаде дека спасувачките екипи од целиот свет пристигнуваат во Венецуела.

„328 спасувачи пристигнаа од Соединетите Американски Држави, 272 од Мексико, 115 од Ел Салвадор, 90 од Швајцарија, 63 од Колумбија, 40 од Шпанија, 53 од Еквадор, 34 од Чиле, 11 од Доминиканската Република и 13 од Панама, како и тимови од Обединетите нации“, рече функционерот.

Вчера два разорни земјотреси ја погодија Венецуела. Првиот беше со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 7,2.

ИЗДВОЕНИ