ВМРО-ДПМНЕ се огласи по бруталниот напад врз Сара Ѓоргиевска од Охрид, барајќи целосно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани.
„ВМРО-ДПМНЕ застанува зад Сара и нејзиното семејство, сочувствува со нив и повикува на итна и решителна реакција во заштита на правната држава и жртвите на насилство. Никој не е над законот и за конкретниот случај мора да има детална истрага и одговорност. Дополнително, доколку институциите, секоја во рамките на своите надлежности, не постапат и не реагираат во согласност со законите, сите одговорни ќе бидат повикани на одговорност“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека, доколку постојат индиции дека некој, вклучително и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или незаконски да влијае врз постапката, тоа мора веднаш да биде истражено.
„Институциите не смеат да имаат милост кон насилниците! Државата мора да реагира јасно, недвосмислено и во согласност со законите. Ниту еден случај на насилство врз жените не смее да помине неказнето“, порачуваат од партијата.
Партијата предупредува дека секој обид за влијание врз истрагата или прикривање на случајот мора да биде санкциониран.
„Никој не е над законот и за конкретниот случај мора да има детална истрага и одговорност“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму порачуваат дека насилството врз жените не смее да помине неказнето и дека институциите мора да постапуваат еднакво кон сите, без оглед на нивните семејни или општествени врски.












