недела, јуни 14, 2026
Дома СВЕТ Британските сили пресретнаа руски танкер од тајна флота

Британските сили пресретнаа руски танкер од тајна флота

52

Британските сили пресретнаа руски танкер за нафта од тајна флота во Ламанш во раните утрински часови во неделата. Како што изјави бртанскиот премиер Кир Стармер, во шестчасовната операција, на бродот се качија Кралските маринци и специјално обучени офицери од Националната агенција за криминал, поддржани од RAF.

Бродот Смиртос ќе биде задржан и следен покрај јужниот брег на Англија додека истрагата продолжува, соопшти Министерството за одбрана.

„Оваа успешна операција им задава уште еден удар на Русија и им потсетува на оние што ја поттикнуваат војната на Путин во Украина дека нема да им дозволиме да се кријат“, рече Стармер.

Министерот за одбрана Ден Џарвис рече дека Русија се потпира на својата флота за финансирање на конфликтот во Украина и дека нивната забрана е удар врз нелегалната војна на Путин.

Операцијата беше поддржана од авиони од Морнаричката воздухопловна група, авион P-8 на RAF, како и HMS Sutherland и HMS Ledbury.

Русија управуваше со „флота во сенка“ од танкери со нејасни сопственички структури за да избегне меѓународни санкции наметнати врз нејзиниот извоз на нафта.

Министерството за одбрана објави дека е одговорно за транспорт на 75 проценти од санкционираната нафта на Русија, а флотата во сенка од повеќе од 700 бродови е клучен спас за Кремљ, јавува Би-Би-Си.

ИЗДВОЕНИ