Во Формула 1 повторно врие, а рефлекторите се насочени кон името што доминираше со години – Макс Верстапен.

Додека обожавателите се навикнати да го гледаат болидот на Ред Бул како синоним за победи, сè повеќе гласови сугерираат дека оваа ера можеби завршува. Еден од нив е Гиедо ван дер Гарде, поранешен возач на Формула 1, кој даде свој коментар.

Неговото тврдење крена многу прашина бидејќи е директно спротивно на очекувањата на дел од јавноста. Имено, иако веќе е познато дека Џанпјеро Ламбиазе ќе го напушти Ред Бул и ќе се пресели во Мекларен од 2028 година, Ван дер Гарде верува дека Верстапен ќе замине уште порано.

Во својата колумна за списанието „Формула 1“, тој беше целосно јасен и не остави простор за дилема.

  • Ги ставам парите на Макс, напиша Ван дер Гарде, па додаде:
  • Ред Бул ги има работите надвор од контрола, а Макс сака болид со кој може да победува и да освојува титули. Толку е едноставно. Исто така, мислам дека Макс ќе го направи следниот чекор по оваа сезона.

Овие зборови доаѓаат во време кога Ред Бул веќе не изгледа толку недопирливо како во претходните сезони. Доминацијата што ја имаа почна да бледнее, а конкуренцијата е сè позаканувачка.

Иако тимот предводен од Лоран Мекиес покажа напредок во втората половина од минатата година, зимската пауза донесе нов пад. Таквата ситуација сигурно не му одговара на возач од калибарот на Верстапен, кој е навикнат да се бори за самиот врв.

На крајот, останува прашањето што го интересира целиот свет на Ф1 – дали доаѓа крајот на доминацијата?

ИЗДВОЕНИ