вторник, јуни 9, 2026
Дома СВЕТ Инцидент на прес-конференција во Берлин: Синот на последниот ирански шах испрскан со...

Инцидент на прес-конференција во Берлин: Синот на последниот ирански шах испрскан со црвена течност/ВИДЕО

153
Foto: Printscreen/Video/X

Синот на последниот шах на Иран, Реза Пахлави, беше прелиен со црвена течност денеска во Берлин.

Инцидентот се случи кога Реза Пахлави излегувал од прес-конференција, за време на која го критикувал примирјето меѓу САД и Иран.

Откако бил прелиен, тој ги поздрави своите поддржувачи, а напаѓачот веднаш беше приведен од полицијата.

Пахлави е син на последниот шах на Иран, Реза Пахлави, кој беше соборен во 1979 година.

Пахлави, кој немал средби со официјални лица во Берлин, денес изјави дека договорот за прекин на огнот „претпоставува дека однесувањето на иранската влада ќе се промени“, но дека тоа нема да се случи.

„Не мислам дека тоа ќе се случи. Не велам дека на дипломатијата не треба да ѝ се даде шанса, но мислам дека веќе ѝ се дадени доволно шанси“, рече Пахлави.

ИЗДВОЕНИ