Македонија му лежи на срцето. Секој пат кога доаѓа кај нас, не се смета за странец, туку како да е дома. Одлично е примен од нашите сограѓани, во било кој град од Македонија. Кај нашиот Влатко Миладиноски беше на гости скоро два месеци, а при тоа ги засака и македонските јадења кои сега често ги приготвува во Богота
Колумбиецот Јанко Пањфорт повторно ја докажува својата голема љубов кон Македонија, па испаѓа дека е вистински патриота и од самите македонски патриоти. Судејќи според неговата најнова објава во која од се срце ја пее легендарната македонска песна “Бисер Балкански“. И тоа сред Богота, главниот град на Колумбија. Јанко пред многу народ неговите сонародници повторно низ песната докажува дека “душата му пее на македонски јазик“. Кон тоа тврди дека за него Македонија не е само бисер Балкански, туку е бисер на цивилизацијата.
Овој многу харизматичен Колумбиец успеа да го научи македонскиот јазик и со својата музичка група „Вардар-Анди“ се огласи од центарот на Богота. И како што и самиот напиша во описот на видеото Македонија му лежи на срцето. Секој пат кога доаѓа кај нас, не се чувствува дека е странец, туку како да е дома. Одлично е примен од нашите сограѓани, во било кој град од Македонија.
Пањфорт, беше и ексклузивен гостин на минатогодишен концерт на популарниот Влатко Миладиноски во Скопје во МОБ. Тогаш сите заедно со Влатко, го пеаја и неговиот голем хит “Велат дека не нема“. Влатко и сега со искрено, како и секогаш со воодушевување зборува за Колумбиецот. – Кај мене на гости остана скоро два месеци. По моја желба го прошетав низ целата Македонија. Да ги види убавините на земјата која тој толку ја засака. Секое место, секој град му се допадна, а особено самите луѓе со кои брзо воспоставуваше комуникации. Особено Охридското Езеро го остави без зборови. Многу ги засака и нашите јадења, па верувам дека сега често им ги приготвува, дома во Богота, вели Влатко.
Инаку, песната „Бисер Балкански“ која во Колумбија стана многу слушана, благодарејќи му на Колмбиецот Пањфорт, за првапат беше испеана на Валандовскиот фолк-фестивал во далечната 1990 година. Песната ја испеа Гоце Николовски и убедливо победи, Текстот на песната е од Јован Павловски, додека музиката е на Хилми Билбил додека аранжманот е дело на Томислав Таневски. Песната во времето на распаѓањето на Југославија, стана голем патриотски македонски хит, а во меѓувреме и евергрин, кој се обнароди. Пред тоа ниту една новосоздадена македонска песна од поново време немала таква општонародна прифатеност, што би требалао да значи дека на некој начин уживаше статус на химна.
(Д.М.)












