недела, октомври 25, 2026
Дома СКОПСКА Без мобилни телефони во текот на наставата во училиштата во Бутел

Без мобилни телефони во текот на наставата во училиштата во Бутел

45

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, поведува иницијатива за ограничување на употребата на мобилните телефони во текот на наставата во сите осум основни училишта во Општина Бутел.

– Иницијативата официјално ќе ја предложам до Советот на Општина Бутел и до училишните одбори на сите осум основни училишта, каде што очекувам да добие широка поддршка – објави Костовски на „Фејсбук“.

Тој додава дека училиштето е место за знаење, внимание, дружење и за развој.

– Во текот на часот, фокусот треба да биде на наставникот и на наставата, а не на екранот – смета Костовски, потенцирајќи дека ваквиот чекор не претставува борба против технологијата, туку одлука во корист на децата.

ИЗДВОЕНИ