По убедлицата победа во Франција, протов Нант, македонскиот ракометен шампион Вардар, го пречекува бундеслигашот Мелсунген (во среда од 18.45 часот) во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.
Пред натпреварот со Мелсунген, тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, ги кажа своите очекувања. Хрватот кој со Вардар ја освои европската титула во 2017 година, вели дека германскиот тим ја има фаворитската улога, со оглед на нивниот квалитет и искуство во европските натпреварувања.
„За жал ни следи последниот натпревар во Лигата на шампионите. Мелсунген доаѓа за да се избори за пласман во главната фаза, а ние да покажеме дека по два домашни порази повредени сме во клупската гордост. За навивачите и за сите околу амбиентот треба да се оддолжиме. Победата во Нант и евентуалната победа над Мелсунген нека биде порака до сите да не се откажуваат од нас. Имаме уште многу до крајот на сезоната, и во Европа и во домашниот шампионат и треба да се поправиме за двата домашни порази. Време е тој негативен тренд да го прекинеме“, вели хрватскиот стручњак и додава:
„Би сакал да играме под притисок и да се бориме за пласман во следната фаза, но не е така. „Скапо ја продадовме кожата“, бевме конкурентни, но недоволно добри за да завршиме меѓу двете најдобри екипи во групата, Полесно беше да подготвуваме натпревар кој значи пласман во следната фаза. Оваа недела ни е многу важна, завршна недела е пред ЕХФ-прозорец. Потоа ќе повлече црта на една четвртина од сезоната. Верувам дека можеме да врземе серија на победи во низа. Досега немавме таква можност, сега имаме 3-4 победи во серија, па мислам дека време е за поголема серија. Такви победи носат самодоверба, поттик и тоа е наша цел во овој период.
Без оглед на исходот од овој натпревар вардарци ќе ги продолжат натпреварите во Европската лига на ЕХФ.












