Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на нејзина територија. Притоа, опфатени се 5.500 ученици.
Дополнително, секое прваче што оваа есен зпрвпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училиштен прибор.
Овие мерки претставуваат директна институционална поддршка за значително олеснување на семејните буџети.
– Преку овие системски чекори се креира образовен амбиент ослободен од социјални разлики, во кој единствениот фокус на учениците остануваат воспитно-образовниот процес и нивната лична надградба. Сакаме родителите да бидат спокојни, а секое дете да се чувствува подеднакво вреднувано, достоинствено и прифатено – изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.












