четврток, ноември 26, 2026
Дома СВЕТ Помилување или нема потреба од него? Трамп и Венс со различни пораки...

Помилување или нема потреба од него? Трамп и Венс со различни пораки за шефот на „Енвидиа“

0
EPA/TIERNEY L. CROSS / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучува можноста за помилување на извршниот директор на „Енвидиа“, Јенсен Хуанг, доколку се соочи со кривични обвиненија, но потпретседателот Џ.Д. Венс тврди дека за такво нешто нема потреба, бидејќи Хуанг воопшто не е под федерална истрага.

Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека претседателското помилување секогаш е опција, иако смета дека во случајот на Хуанг веројатно нема да биде потребно.

„Секогаш е опција, претпоставувам, но не мислам дека е потребно“, рече Трамп, додавајќи дека го смета директорот на „Енвидиа“ за чесна и многу паметна личност.

Тој истовремено го повика Хуанг да „ја каже вистината“ пред Конгресот, каде што следната недела треба да сведочи зад затворени врати во вторник, а потоа и јавно пред пратениците во четврток.

Трамп рече дека не смета оти Хуанг треба да се повика на Петтиот амандман од американскиот Устав, кој му овозможува на сведокот да одбие да одговори на прашања со кои би можел да се самоинкриминира.

Изјавите на претседателот следуваат по враќањето на Хуанг на функцијата извршен директор, откако одборот на „Енвидиа“ ја потврди неговата позиција. Неговото враќање во седиштето на компанијата беше проследено со овации и аплауз од вработените. Трамп изрази задоволство и од реакцијата на берзата, посочувајќи на растот на акциите на компанијата.

Сепак, потпретседателот Џ.Д. Венс даде поинакво објаснување за ситуацијата. Тој изјави дека Хуанг не е предмет на федерална истрага и дека нема потреба од претседателско помилување.

По настанот по повод Денот на благодарноста во воздухопловната база „Рајт-Патерсон“ во Охајо, Венс рече дека разговарал со повеќе владини претставници, меѓу кои и со државниот обвинител Тод Бланч, од кого добил уверување дека против директорот на „Енвидиа“ не се води истрага.

Според Венс, обвинувањата против Хуанг се засноваат на анонимни жалби, а не на конкретни докази. Тој нагласи дека никој не треба да биде јавно осудуван без да помине низ соодветна правна постапка.

ИЗДВОЕНИ