понеделник, септември 28, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатна поддршка за децата и младите со попреченост и за нивните семејства...

Бесплатна поддршка за децата и младите со попреченост и за нивните семејства во Центар

1

Општина Центар, во соработка со Центарот за асистивна технологија на Здружението „Отворете ги прозорците“, обезбедува бесплатна и индивидуализирана стручна поддршка за децата и младите со различни видови попреченост и за нивните семејства.

Од Здружението велат дека во Центарот секое дете добива поддршка приспособена на неговите способности, потреби и лични цели, со што полесно комуницира, учи, се вклучува во образованието и станува посамостојно во секојдневниот живот.

Притоа, се избира и се приспособува асистивната технологија за секое дете посебно. Стручниот тим ги приспособува компјутерот, софтверот и апликациите за корисниците полесно да читаат, пишуваат, учат и работат. Родителите добиваат совети и насоки како да ја користат технологијата и дома, со што продолжува поддршката и во секојдневниот живот.

– Силно го поддржуваме овој проект. Вложуваме во дигиталната инклузија, бидејќи достапноста до Интернет и до дигиталните алатки значи полесна комуникација, учење и поголема независност за нашите деца и млади. Интернетот е прозорец кон светот, а наша обврска е да биде достапен тој свет за секое дете и за секој млад човек – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

 

ИЗДВОЕНИ