петок, октомври 2, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“

Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“

1

По повод одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ 2026“, која ќе се одржи утре, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува граѓаните дека ќе обезбеди бесплатен јавен превоз.

Манифестацијата е предвидено да започне во 18:00 часот на 3 октомври, а да заврши во 03:00 часот на 4 октомври 2026 година.

-Бесплатниот превоз се обезбедува со цел да се овозможи непречено присуство на граѓаните на манифестацијата и нивно навремено враќање по завршувањето на програмата – соопштија од ЈСП.

Од претпријатието ги повикуваат граѓаните да го користат јавниот превоз за пристигнување и враќање од настанот.

ИЗДВОЕНИ