четврток, октомври 1, 2026
Дома СКОПСКА Превенција и искоренување на врсничкото насилство

Превенција и искоренување на врсничкото насилство

1

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска присуствуваше во ООУ „Св. Климент Охридски“ во село Драчево, каде започнува практичната работа со учениците во рамки на проектот „Star for Life“.

Откако претходно беше потпишан трипартитен меморандум за соработка помеѓу Општината, училиштето и Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) – Подружница Македонија, и се реализираа обуките за наставниците, сега фокусотнсе префрла на директната работа со децата.

-Стручни експерти започнуваат со континуирана работа со учениците. Главната мисија на овој проект е превенција и целосно искоренување на врсничкото насилство (булинг), преку едуцирање на младите за навремено препознавање на ризични ситуации, правилно реагирање и создавање пријателска училишна атмосфера – информираат од Општина Кисела Вода.

На настанот, поддршка на овој процес дадоа и глобалниот генерален секретар на „Star for Life“, Џесика Грундстром Алдин, донаторите на проектот Антонијо Трпевски и Пирко Трпевски, претставниците од тимовите на „Star for Life“ и „Motivation Lift“, како и претставниците од Обединетата Македонска Дијаспора. Општина Кисела Вода останува силно посветена на обезбедувањето здрава, безбедна и стимулативна средина за секое дете.

– Откако успешно ги реализиравме обуките за наставниот кадар, стручните експерти од проектот „Star for Life“, започнуваат со директна работа со децата. Нашата заедничка мисија е јасна: превенција и искоренување на врсничкото насилство. Сакаме секое дете во Општина Кисела Вода да доаѓа на училиште без страв, да се чувствува безбедно, прифатено и заштитено. Преку овој проект, нашите ученици ќе научат како навреме да го препознаат булингот, како правилно да реагираат и како да си бидат искрена поддршка едни на други – изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска.

ИЗДВОЕНИ