петок, август 14, 2026
Дома СПОРТ Барса се откажа од напаѓачот чија цена се искачи на 130 мил....

Барса се откажа од напаѓачот чија цена се искачи на 130 мил. евра

0
epa11803676 FC Barcelona's head coach Hansi Flick attends a press conference after a training session of the team, in Barcelona, Spain, 03 January 2025. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Барселона ќе мора да продолжи со потрагата по нов централен напаѓач. Каталонците се откажаа од обидот да ја ангажираатт ѕвездата на Бурнемаут, Елио Жуниор Крупи. Информацијата ја објави познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо кој додаде дека Барселона повеќе не работи активно на трансферот.

Бурнемаут јасно му стави до знаење на раководството на каталонскиот клуб дека младиот напаѓач не е на продажба. Овој став на англискиот клуб практично веднаш ги запре потенцијалните преговори.

Барселона почна да бара нов „број девет“ во текот на летото по заминувањето на Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач го напушти клубот по четири успешни години на „Камп Ноу“. Неговото заминување остави голема празнина во напаѓачката линија. Затоа, Каталонците сакаат да доведат играч кој веднаш може да ја преземе одговорноста за постигнување голови.

Прва и најголема желба е сè уште Хулијан Алварез. Аргентинецот е на врвот на листата на спортскиот директор Деко, но Атлетико (М) засега не сака да ја отвори вратата за негово заминување.

Поради цврстиот став на мадридскиот клуб, Барселона беше принудена да разгледа алтернативни решенија. Едно од имињата што се појавија во анализите на спортскиот сектор беше тоа на Крупи.

Младиот Французин привлече внимание со своите настапи за Бурнемаут. Барселона го гледаше како напаѓач кој може да игра на повеќе позиции и да напредува понатаму во наредните сезони. Шампионот на Шпанија не беше единствениот што покажа интерес за Крупи. Неговата ситуација наводно ја следеле Манчестер Сити и Арсенал, што дополнително го искомплицира потенцијалниот договор.

Во некои извештаи се споменуваше дека Бурнемаут го проценува својот напаѓач на околу 130 милиони евра, а подоцна беше наведено дека англискиот клуб не поставил формална цена.

 

ИЗДВОЕНИ