Барселона е во завршна фаза од преговорите со францускиот крилен центар Жоан Макунду, објавува „Баскет њуз“. Дваесет и шестгодишниот кошаркар, висок 207 сантиметри, е многу блиску до преселба во каталонскиот гигант, бидејќи тој повторно го активирал интересот за него. Макунду беше желба на Барселона и минатата сезона, но тогаш трансферот не беше реализиран.

Минатата сезона, тој настапуваше во Кина, а дел од сезоната помина и во Монако. Во кинеското првенство бележеше импресивни 15,2 поени, 6,2 скока, 2,1 асистенции и 1,5 блокади на натпревар. Барселона во него гледа атлетски и подвижен висок играч, кој може да донесе дополнителна енергија, цврстина и квалитет во заштитата на обрачот. Доколку нема неочекуван пресврт, тој наскоро би требало да стане ново засилување на „блауграна“.

ИЗДВОЕНИ