сабота, октомври 3, 2026
Дома БАЛКАН Важно известување за сите што се враќаат од Грција: Целосно се затвора...

Важно известување за сите што се враќаат од Грција: Целосно се затвора сообраќајот кон Евзони!

903

Ноќеска ќе има целосен прекин на сообраќајот на дел од обиколницата околу Солун, на лентата што води во насока кон западниот дел од градот, граничниот премин Богородица (Евзони) и Македонија, се наведува во објавата на групата „Грција инфо“.

Според информациите од сообраќајните служби, затворањето ќе се започне ноќеска (среда, 19 август) во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот наутро.

За време на шестчасовната блокада, сообраќајот ќе се пренасочува низ споредните и локалните градски улици, што може да предизвика забавување и зголемен метеж.

Спротивниот правец од обиколницата — кој води кон источниот дел на Солун и краците на Халкидики — ќе остане целосно отворен за сообраќај. Патниците кои ноќеска се враќаат од Грција да ја планираат рутата навреме, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат подготвени за дополнителни задржувања.

ИЗДВОЕНИ