
Компанијата „Енвидија“ го прими назад директорот и еден од основачите, Џенсен Хуанг, по скандалот со неговата афера со наводна кинеска шпионка, што со недели ја преокупира светската јавност. Веднаш по објавата за неговото враќање на чело на водечката компанија за производство на чипови, берзите експлодира, но зад кулисите на таа објава се случи уште една експлозија. Луѓе кои првпат отвориле сметка на меѓународната платформа за обложување, „Полимаркет“, на облог дека Хуанг ќе биде повторно на кормилото на „Енвидија“, заработиле стотици илјади долари уште пред да се објави таа информација.
Неколку американски медиуми вчера објавија дека повеќе од десет нови сметки на „Полимаркет“ заработиле стотици илјади долари обложувајќи се дека Џенсен Хуанг ќе се врати на чело на „Енвидија“, а повеќето од нив биле платени само неколку часа пред официјалното објавување. Според „Волстрит џурнал“ две „сомнителни групи“ сметки заработиле повеќе од 340.000 долари во понеделникот. Весникот се повикува на податоци од „Баблмапс“, компанија за аналитика на блокчејн. „Дејли бист“ исто така пишуваше за тоа. Сите 16 сметки биле платени во изминатите седум дена и се обложувале исклучиво на пазари поврзани со „Енвидија“. Единаесет од нив биле платени рано во понеделникот. Само неколку часа подоцна, одборот на „Енвидија“ објави дека едногласно одлучил да го врати 63-годишниот Хуанг на функцијата претседател и извршен директор.
Според податоците на „Полимаркет“, една сметка без корисничко име почнала да се обложува малку по два часот наутро. Од таа сметка се инвестирани 2.700 долари на два пазари и се заработени околу 47.000 долари за помалку од 12 часа. На тие пазари се обложувале дали Хуанг ќе се врати до 30 ноември, односно до крајот на годината. Договорот на првиот пазар чинел три центи, што значи дека играчите давале само три проценти шанса за враќање. Договорот до крајот на годината чинел десет центи. „Волстрит џурнал“ објави дека „Баблмапс“ ги групирал сметките според слични облози, а не според докази дека се финансиски поврзани, но не можел да утврди кој стои зад нив. Невообичаената активност сама по себе не докажува дека сопствениците на сметките однапред знаеле за одлуката на менаџментот.
Хуанг поднесе оставка од функцијата директор на 12 ноември, откако се појавија информации за повеќекратни вонбрачни афери, од кои две биле со подредени вработени во „Енвидија“. Пред тоа, на 8 ноември, во порака до вработените, тој призна дека имал врска со Алис Хуанг, поранешната директорка на сингапурската фирма „Мегаспид“. Американското разузнавање се сомнева дека таа работи за највисоката кинеска разузнавачка служба и нелегално шверцува чипови „нвидија“ во Кина. Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави за „Њујорк тајмс“ дека неговата администрација имала голема улога во враќањето на Хуанг.
– Само мислев дека тој треба да ја води компанијата и не знаев дека тоа ќе има ваков ефект, изјави Трамп за „Њујорк тајмс“.











