четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Авионска несреќа во Словенија: Во пад на мал спортски авион настрадаа три...

Авионска несреќа во Словенија: Во пад на мал спортски авион настрадаа три лица

102

Полициското одделение Мурска Собота денеска соопшти дека мал спортски авион се урнал во близина на локалното фудбалско игралиште.

Според неофицијални информации три лица загинале.

Несреќата се случила околу 12 часот.
Медиумите јавуваат дека се урнал авион „цесна“ на аеро-клубот Марибор.

Медиумите наведуваат дека во авионот требало да има четири лица, но едно од нив не се качило во авионот.

Авионот требало да лета на релација Марибор до Лендава.

Како веројатна причина за несреќата се споменува густата магла.

ИЗДВОЕНИ