недела, ноември 1, 2026
Дома СВЕТ Авион со девет лица се урна во станбена област на Флорида/ВИДЕО

Авион со девет лица се урна во станбена област на Флорида/ВИДЕО

59
Фото: video screenshot X

Авион со девет лица се урна во неделата попладне во станбена зона во округот Палм Бич, Флорида, а властите започнаа истрага за причините за несреќата, соопшти Федералната управа за авијација на САД (FAA). Според канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич, несреќата се случила во близина на „Милитари трејл“, помеѓу булеварот „Крестхејвен“ и 10-тата авенија Север.

Станува збор за авион од типот „Лирџет 60“ кој летал од Меѓународниот аеродром „Остин-Бергстром“ кон Бахамите, потврдија од FAA.

Податоците за следење на летот, објавени од веб-страницата „ADS-B Exchange“, покажуваат дека непосредно пред губењето на сигналот, авионот изгубил 27.000 стапки – приближно 8.230 метри – во текот на само една минута.

Истрагата за несреќата ќе ја водат Федералната управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност во транспортот (NTSB).

Местото на несреќата се наоѓа на околу 6,5 километри јужно од аеродромот во Вест Палм Бич, кој претходно оваа година беше преименуван во чест на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп претходно истиот ден престојувал во Вест Палм Бич, но заминал со претседателскиот авион „Ер форс ван“, нешто повеќе од еден час пред несреќата.

Поради несреќата, сите сообраќајни ленти на „Милитари трејл“ во двата правци се затворени до понатамошно известување. Властите апелираат до возачите да ја избегнуваат оваа област и да користат алтернативни правци. Засега нема дополнителни информации за лицата кои се наоѓале во авионот.

ИЗДВОЕНИ