недела, ноември 1, 2026
Дома СВЕТ Зеленски побара од Ердоган да организира средба со Путин

Зеленски побара од Ердоган да организира средба со Путин

40
Фото: EPA/VYACHESLAV PROKOFYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „„Си-ен-ен Турк“ изјави дека се надева на помош од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во организирањето средба со рускиот лидер Владимир Путин.

„Знам дека претседателот Ердоган одржува односи со Путин. Затоа ја поддржуваме средбата во Турција“, рече тој.

Според Зеленски, Истанбул може да стане „практичен и реален посредник“ во преговорите за решавање на ситуацијата во Украина.

Оваа недела, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Володимир Зеленски мора да дојде во Москва доколку сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Помошникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков, денеска во интервју за новинарот на „Вести“, Павел Зарубин, изјави дека Зеленски преку различни канали испраќа сигнали за подготвеност за комуникација, при што исто така му сугерираше да допатува во руската престолнина на преговори.

ИЗДВОЕНИ