недела, ноември 1, 2026
Дома СВЕТ На забава за Ноќта на вештерките Доналд Трамп маскиран како самиот...

На забава за Ноќта на вештерките Доналд Трамп маскиран како самиот себе – во неизбежниот син костум и препознатливата црвена вратоврска

0
EPA/JIM LO SCALZO

По учеството на митинзи за претстојните избори за Конгресот, американскиот претседател Доналд Трамп присуствуваше на забава по повод Ноќта на вештерките, организирана на неговиот имот „Мар-а-Лаго“ на Флорида.

Трамп пристигна на забавата маскиран како самиот себе.

Големата сала за свечености, уредена во стил на џунгла, беше осветлена со зелена светлина и исполнета со разни декорации – вклучувајќи и мотиви со леопардова шара – но американскиот претседател им изјави на присутните новинари дека бил презафатен за да најде костим за себе.

„Дојдов маскиран како Доналд Трамп“, рече тој, покажувајќи на својот син костум и неговата препознатлива црвена вратоврска.

И покрај анкетите кои покажуваат исклучително тесна трка меѓу демократите и републиканците, Трамп остана оптимист.
„Мислам дека ќе поминеме многу добро. Мислам дека ќе изненадиме многу луѓе“, изјави Трамп, пренесе „Бета“.

Изборите за Конгресот, кои традиционално се одржуваат на половина од мандатот на актуелниот американски претседател, ќе се одржат во вторник.

ИЗДВОЕНИ