В недела ќе се одржи 14. издание на „Авицена женска трка”.
Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булеварот „Илинден”, во близина на фонтаната „Лотос”, додека должината на самата трка е три километри.
Пред самиот почеток, во 09:40 часот, е предвидено и загревање со аеробик вежби.
По истрчаните три километри ќе се прогласат најдобрите, а потоа следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички и доделување подароци обезбедени од партнерите на трката.
Трката е во организација на Сојуз на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Организаторите на настанот известуваат дека и оваа година има пријавени 3.350 учеснички и на сите учеснички на трката им посакуваат среќа.
Во периодот од 09:00-11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден”.
Според Министерството за внатрешни работи, трката што ја организира Сојузот на спортови на Скопје ќе започне во 10:00 часот, а трасата на движење ќе започне од пред фонтаната Лотус (старт и цел), потоа право по должината на булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8 Септември“, каде што се врти полукружно назад по „Илинден“ до целта – фонтана Лотус.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.












