среда, октомври 28, 2026
Дома СВЕТ Откриени детали: Како човечка грешка доведе до трагедија во Шпанија со десетици...

Откриени детали: Како човечка грешка доведе до трагедија во Шпанија со десетици жртви?/ВИДЕО

6
EPA/ISMAEL HERRERO

Десетици луѓе загинаа во тешка железничка несреќа што се случи утрово во Шпанија. Само неколку часа подоцна, врз основа на првичните наоди од истрагата, шпанските медиуми ја објавија причината за трагедијата.

Според шпанскиот дневен весник „АБЦ“ во средата наутро, околу 9:00 часот, на линијата што ги поврзува Андалузија и Мадрид се судрија два воза – брзиот воз „АВЕ 2080“ со 397 патници и возот „Ирихо 6076“ со 147 патници. Десет минути подоцна, Управата за железничка инфраструктура (Administrador de Infraestructuras Ferroviarias – Adif) преку социјалните мрежи соопшти дека железничкиот сообраќај е во прекин „поради судир меѓу два воза“.

Повикувајќи се на извори од Министерството за транспорт, весникот „АБЦ“ пренесува дека еден работник вршел поправка на дефект во сигналниот систем, поради што возот „АВЕ“ не добил предупредување за присуството на другиот воз во близина.

Според првичните проценки на Граѓанската гарда, двата воза стоеле во место кога возот „АВЕ“ добил наредба да тргне – при што не бил известен дека возот „Ирихо“ сè уште стои директно пред него.

Дошло до силен судир, при што двата воза излетале од шините и застанале на насипот покрај пругата. Уште од самиот почеток, службите за итни интервенции предупредија дека трагедијата би можела да однесе десетици животи.

Граѓанската гарда го ангажираше целиот расположлив персонал во областа. Тие веднаш започнаа со евакуација на загрозените лица и им помогнаа на екипите за итни интервенции да стигнат до местото на несреќата за да им пружат помош на повредените и настраданите.

ИЗДВОЕНИ