Скопјанец ја измамил партнерката да подигнат станбен кредит за купување на заеднички стан. Жената земала 25 илјади евра од банка и му ги дала надевајќи се на заеднички живот. Десет години помладиот партнер и ги земал парите и повеќе не сакал да ја види.
-На 26.10.2026 во 18:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна познаничка дека ја измамил за сума од 1.558.300 денари. Според пријавеното, претходно се договориле и подигнале станбен кредит од банка, а по завршување на процедурата ѝ ги земал парите и не сакал да се види со неа. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштија од МВР












