Забавата официјално експлодираше точно напладне, кога беше исполнета улицата „Македонија“ со музика, а студенти на штафелаи сликаа мотиви од градот Скопје. Почетокот беше означен со диџеј-сет на Папак Бас и со ликовна колонија, кои го оживеаја централното градско подрачје. Скопјани имаа можност да се забавуваат и одблиску да се дружат со над 30 уметници, да проследат улични шоуа со жонглери, а најочекувани беа настапите на мегапопуларните Дина Јашари и „Тони Зен бенд“. „Центарски улици 4“ не беа само настан туку и потсетник дека срцето на Скопје најсилно чука кога е исполнето со уметност и заедништво

Скопје денеска дишеше со полни гради. Централното градско подрачје се претвори во голема сцена на отворено, каде што „Центарски улици“ по четврти пат докажаа дека најдобро се сака градот преку музика, насмевки и креативност. Повод беа Светскиот ден на уметноста и 50 години од постоењето на Општина Центар.

Атракција беа живите статуи, кои најпрво ја разбудија љубопитноста на жителите на Дебар Маало. Љубопитните жители, но и туристите што се најдоа до нив, посакаа да имаат спомен и се фотографираа. Живите статуи имаа и фотосесија во паркот кај клупата на Горан Стефановски, но и кај портата на старата Учителска школа, која се наоѓа во дворот на Општина Центар.

Забавата официјално експлодираше точно напладне, кога беше исполнета улицата „Македонија“ со музика, а студенти на штафелаи сликаа мотиви од градот Скопје. Почетокот беше означен со диџеј-сет на Папак Бас и со ликовна колонија, кои го оживеаја централното градски подрачје.

Во срцето на Скопје беше пораздвижено од вообичаено, во очекување на другите активности, предвидени до вечерните часови. Како што одминуваше денот така атмосферата стануваше сè пожешка. Жонглери со своите вештини ги анимираа најмладите, додека над 30 уметници се погрижија секој агол од улицата да има своја приказна.

Скопјани имаа можност да се забавуваат и одблиску да се дружат со над 30 уметници, да проследат улични шоуа со жонглери, а најочекувани беа настапите на мегапопуларните Дина Јашари и „Тони Зен бенд“.

Општина Центар го организира овој настан четврта година по ред.

– Почнавме со многу мал буџет од 30 илјади денари, а денес издвојуваме 1 милион денари токму за овој настан. Во изминатите четири години, тројно го зголемивме буџетот за култура, од 4 милиони денари во 2021 година на сегашните 25 милиони денари, што значи повеќе културни содржини во интерес на центарци – нагласи Герасимовски.

„Центарски улици 4“ не беа само настан туку и потсетник дека срцето на Скопје најсилно чука кога е исполнето со уметност и заедништво.

– Ова е Скопје што го сакам – раздвижено, шарено и полно со позитивна енергија. Наместо вообичаениот метеж, денес налетавме на живи статуи и уметници. Децата се воодушевени од жонглерите, а јас уживам во музиката. Вакви настани му се потребни на градот за да се почувствува неговиот вистински дух – изјави студентката Марија за весникот ВЕЧЕР.

Манифестацијата беше и вистинска туристичка атракција.

– Случајно се најдовме тука и останавме цел ден. Фотографирањето со живите статуи кај старата Учителска школа беше навистина забавно. Скопје денес изгледа како вистинска европска метропола на културата. Има одлична музика и многу талентирани млади луѓе – ни изјави Томас, турист од Германија.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ