Општина Центар асфалтираше дел од улицата ,,Маџир Маало“ во истоимената населбаа, на површина од 352 квадратни метри.Досега жителите на овој потег се движеа по земјена улица, без асфалтиран коловоз.
-Покрај асфалтирањето, уредено е и одводнувањето на улицата, со цел да за данема задржување на атмосферските води на коловозот. Со тоа, жителите добиваат подобри услови за движење и полесен пристап до своите домови – соопштија од Општината.
При тоа, додаваат дека веќе од утре ќе започне асфалтирање на дел од улицата „Истарска“ во Ново Маало.
-Овие зафати се дел од поширокиот план за реконструкција и обнова на уличната мрежа во Центар, што го ветив во програмата – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.












