среда, јули 22, 2026
Дома СПОРТ Артета пречкрта тројца играчи и побара четири засичувања!

Артета пречкрта тројца играчи и побара четири засичувања!

939
epa13005534 Players of Arsenal during the penalty shoot-out of the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Arsenal in Puskas Arena in Budapest, Hungary, 30 May 2026. EPA/Zsolt Szigetvary HUNGARY OUT

Во саботата, фудбалерите на Арсенал беа поразени од ПСЖ во финалниот натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Лондонскиот премиерлигаш не успеа во намерата да го освои овој трофеј за прв пат во клупската историја, но популарните „топџии“ успеаа да го освојат трофејот во Премиер лигата по 22 години чекање.

Над 2 милиони луѓе присуствуваа на прославата на титулата шампион на Англија во најголемата парада во историјата на фудбалот.

Сепак, менаџерот, Микел Артета, не сака да застане тука, тој сака Арсенал да биде тој што ќе ја освои титулата во Англија следната сезона, но и да оди до крај во Лигата на шампионите.

Затоа се подготвени одредени промени што шпанскиот тренер ќе ги направи во својот тим за време на летниот преоден рок.

Постојат четири позиции што Артета сака да ги зајакне ова лето, а тоа се левото крило, новиот напаѓач, десниот бек и новиот играч од средниот ред.

„Топџиите“ исто така ќе мора да продадат неколку играчи, а Габриел Жезус, Габриел Мартинели и Бен Вајт веројатно треба да го напуштат клубот.

Покрај тоа, дефанзивецот Пјеро Хинкапи е на радарот на Барселона, но прашањето е дали Артета е подготвен да го пушти.

Кога станува збор за пристигнувањата на „Емирати“, ситуацијата е повеќе од комплицирана. Сандро Тонали е најголема желба кога е во прашање средниот ред, а Тино Ливраменто за десната бековска позиција. Двајцата играчи моментално играат за Њукасл и понудата за нив двајца не смее да биде помала од 150 мил. фунти.

Кога станува збор за левата крилна позиција, најголема желба е стандардниот првотимец во дресот на Астон Вила, Морган Роџерс, кој е проценет на 80 мил. фунти.

Што се однесува до позицијата напаѓач, „топџиите“ го сакаат Хулијан Алварез, но се отворени и за доведување на Маркус Рашфорд.

„Топџиите“ ја следат и ситуацијата околу Виктор Валдепенас од Реал (М), и веќе го започнаа процесот на доведување на чудото од Лестер, Џереми Монга.

ИЗДВОЕНИ