вторник, септември 8, 2026
Дома СВЕТ Антибалистички штит за Европа: Зеленски најави нови состаноци за „Фреја“

Антибалистички штит за Европа: Зеленски најави нови состаноци за „Фреја“

0
Фото: EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Украина и европските партнери го забрзуваат развојот на заедничкиот систем за пресретнување балистички ракети, кој треба да ги спои украинските ракетни технологии со европските радари, сензори и системи за команда и контрола.

 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека наскоро ќе се одржат состаноци со претставниците на државите и на компаниите вклучени во развојот на антибалистичката програма „Фреја“ (FREYJA).

 

– Во блиска иднина ќе се одржат состаноци со партнерите на ниво на држава и компанија вклучени во развојот на заедничката антибалистичка програма „Фреја“. Исто така, работиме на развој на нашите дополнителни можности за напади со долг дострел – изјави Зеленски.

 

Резултатите од работата на програмата ќе бидат разгледани на претстојниот состанок на Штабот на врховниот командант на Украина. Зеленски разговарал за подготовките со секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Игор Клименко.

 

„Фреја“ е замислен како заеднички европско-украински антибалистички систем. Во проектот учествуваат повеќе европски одбранбени компании, меѓу кои „Еуросам“, „Леонардо“, „Талес“ и „Сааб“. Украинската компанија „Фајр поинт“ е водечки индустриски партнер, а неодамна објави и договор со германскиот „Хенсолдт“ за снабдување со радари.

 

Системот треба да ги обедини украинските ракетни технологии со европските радари, сензори и командно-контролни системи. Киев настојува неговиот развој и ставањето во употреба да се реализираат што е можно побрзо.

 

Паралелно со развојот на „Фреја“, Украина работи и на дополнителни способности за удари со долг дострел. Зеленски нагласи дека мора целосно да се спроведат и претходно донесените одлуки за спротивставување на руските ударни беспилотни летала и за забрзување на соодветните производствени процеси.

ИЗДВОЕНИ