сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Американското обвинение против Раул Кастро за случај од пред три денцении, увод...

Американското обвинение против Раул Кастро за случај од пред три денцении, увод во нова кубанска криза?

120
epa12068718 The former president of Cuba Raul Castro attends a parade held to observe May Day, or International Workers' Day, in Havana, Cuba, 01 May 2025. EPA/Ernesto Mastrascusa

Овинението се однесува на инцидент од 1996 годна, кога кубанските сили соборија два авиона при што загинаа четири лица. Во тоа време Раул Кастро беше министер за одбрана. Обвинението Трамп го нарече „голем момент“, а кубанските власти го протолкуваа како знак за почеток на подготовка за одбрана од инвазија на САД

 

Во САД е подигнато обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван функционер од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Не е познато на што точно се однесува обвинението, но е поврзано со инцидент од 1996 година, кога три мали цивилни авиони полетаа од аеродром во близина на Мајами, организирани од група кубански емигранти кои бараа луѓе што се обидуваа да ја напуштат Куба во импровизирани чамци. Кубанските сили соборија два авиона, при што загинаа четири лица, од кои тројца Американци и еден со зелена карта. Во тоа време Раул Кастро беше министер за одбрана, а обвинението опфаќа уште неколку Кубанци.

Претходно, Трамп изјави дека САД нема да толерираат „одметничка држава“ во која наводно се вршат странски воени, разузнавачки и терористички операции, на „само деведесет милји од американското тло“.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, оцени дека ова обвинение, само ја открива „ароганцијата и фрустрацијата што претставниците на империјата ја чувствуваат кон непоколебливата решителност на кубанската револуција и единството и моралната сила на нејзиното раководство“. Тој рече дека ова е политички маневар лишен од правна основа, кој служи за оправдување на „глупоста на воена агресија“ во Куба.

Во соопштение објавено на интернет и прочитано на кубанската државната телевизија се вели дека обвинението против Кастро „ги искривува фактите“ за соборувањето на двата авиона во 1996 година и смртта на Американци во инцидентот, објави Си-ен-ен. Куба изјави дека донела одлука да ги собори авионите откако САД ги игнорирале бројните жалби за кршење на кубанскиот воздушен простор.

Подолго време Трамп најавува дека САД ќе ја преземат Куба и со закани за санкции за сите кои ќе и достават енергенти, практично ја парализираше оваа островска држава оставајќи го населението без храна, лекови и струја. По обвинението за Раул Кастро, подигнато во средата, кое го нарече „голем момент“, а многумина го прочитаа како увод  во многупати досега најавуваниот напад на Куба, Трамп во четвртокот се обиде да ја смири топката.

-Куба е земја што се урива, не знам што ги чека. Размислуваме за Куба, рече тој, но додаде и дека нема да има ескалација по тоа прашање.

Сепак, целата ситуација е вжештена, особено затоа што веднаш по обвинението, носачот на авиони на американската морнарица „Нимиц“ вплови во Карипското Море. Носачот пристигна во придружба на повеќе воени бродови, а Јужната команда на американската армија објави дека тој досега „се покажал во Тајванскиот Проток и во Арапскиот Залив“.

Си-ен-ен објави дека кубанските власти го протолкувале обвинението против Кастро како знак за почеток на подготовка за одбрана од инвазија на САД.

ИЗДВОЕНИ