среда, јуни 10, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Американските акции забележаа остар пад по острите изјави на Трамп за Иран...

Американските акции забележаа остар пад по острите изјави на Трамп за Иран и скокот на цената на нафтата

14

На отворањето на американските берзи денес, акциите забележаа остар пад откако американскиот претседател Доналд Трамп ја засили својата реторика кон Иран и најави можност за нови воени напади.

Ова дополнително ги зголеми загриженостите на инвеститорите за геополитичките ризици и доведе до скок на цените на нафтата, објави „Си-ен-би-си“.

Акциониот индекс Dow Jones падна за повеќе од 700 поени, или 1,4 проценти, S&P 500 за 1,2 проценти, Nasdaq за 1,6 проценти.

Падот на пазарот следеше по пораките на Трамп дека преговорите со Иран траат предолго и дека Техеран ќе „плати цена“, како и по неговите најави дека САД би можеле да преземат нови воени дејствија, пренесува „Танјуг“.

Во исто време, цените на нафтата значително пораснаа, при што американската сурова нафта WTI порасна за околу три проценти и го надмина нивото од 91 долар за барел. Покрај тоа, акциите на технолошките компании, како што се Micron, AMD и Broadcom, го продолжија својот повеќедневен пад.

Аналитичарите го поврзуваат ова со подготовките на инвеститорите за очекуваната почетна јавна понуда на акции на компанијата SpaceX, која, според пазарните проценки, би можела да биде најголемата досега.

Негативниот сентимент на берзата беше делумно ублажен по објавувањето на податоците за инфлацијата во Соединетите Американски Држави, кои покажаа дека базичната инфлација во мај била малку пониска од очекувањата на аналитичарите.

Сепак, вкупната годишна стапка на инфлација надмина четири проценти за прв пат по три години, што дополнително ги комплицира очекувањата во врска со идната монетарна политика на Федералните резерви на САД.

ИЗДВОЕНИ