Војската на Соединетите Американски Држави објави дека извршила напад врз танкер за нафта во Оманскиот Залив, наведувајќи дека ја погодил машинската просторија на бродот со прецизна муниција и ја онеспособил откако екипажот не ги почитувал наредбите на американските сили.
Според соопштението на војската, танкерот наводно ја прекршил блокадата на САД за иранска нафта, поради што е преземена воената акција, објави „Скај њуз“.
Индиското Министерство за надворешни работи објави дека тројца индиски членови на екипажот сè уште се водат како исчезнати по нападот. На бродот имало вкупно 21 член на екипажот.
Њу Делхи го осуди нападот и го повика заменик-шефот на дипломатската мисија на САД во Индија да поднесе, како што е наведено, „најсилен протест“, пренесува Танјуг. Како што изјавија извори за „Ројтерс“, околностите на несреќата сè уште се утврдуваат.












