вторник, ноември 10, 2026
Дома СВЕТ Нападнат Мариус, синот на норвешката кралица: Натрапник среде ноќ насилно влегол во...

Нападнат Мариус, синот на норвешката кралица: Натрапник среде ноќ насилно влегол во неговиот дом, но овој го совладал

0
ЕPA/LISE ASERUD NORWAY OUT

Синот на норвешката кралица Мете-Марит, Мариус Борг Хејби (29), бил нападнат во својот дом откако непознат маж насилно влегол во куќата на имотот Скаугум, каде што моментално престојува, објави норвешкиот медиум „Се ог Хор“.

Инцидентот се случил во петокот, 6 ноември, кратко по полноќ. Според медиумските извештаи, непознатиот маж почнал да удира по влезната врата, а кога Мариус ја отворил, го турнал и влегол во куќата. Синот на кралицата успеал да го истурка од домот, по што веднаш ја повикал полицијата.

Полицијата пристигнала за околу минута и половина, а напаѓачот бил уапсен, но подоцна бил ослободен.

„Можеме да потврдиме дека уапсивме едно лице во близина на куќата на Мариус во петокот вечерта. Освен тоа, немаме коментар“, изјави Ерик Веум од норвешката полициска служба за јавниот радиодифузен сервис НРК.

Адвокатот на Мариус, Александар Грикер, го опиша инцидентот како сериозен и непријатен, нагласувајќи дека секој треба да се чувствува безбедно во својот дом.

Мариус Борг Хејби е син на кралицата Мете-Марит од нејзината врска пред бракот со престолонаследникот Хакон и нема кралска титула. Од јули е во домашен притвор, откако претходниот месец беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за силување. Во моментов ја чека одлуката по жалбата на пресудата, а расправата пред Апелациониот суд се очекува во февруари 2027 година.

ИЗДВОЕНИ