Легендата на македонскиот ракомет Стевче Алушовски е пред заминување од битолскиот клуб. Неофицијалните информации говорат дека тој поднел оставка по елиминацијата од Охрид во полуфиналето на Купот на Македонија, а управата на клубот денеска му ја усвоила.
Тој иако беше донесен да го врати тимот на шампионските патеки по лошиот прв дел од сезоната, се вклопи во сивилото, не успеа да направи добар резултат во Лигата на шампионите, а тимот е на добар пат да ја прекине тригодишната доминација во домашното првенство.
Ако нешто не се смени, Пелистер може да заврши дури на третото место во првенството што заедно со дебаклот во Купот и Лигата на шампионите, ќе биде капак на очајната сезона.












