EPA/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас и Италијанецот Јаник Синер, заедно ќе поминат 320 дена закрепнувајќи од повреди во текот на 2026 година. Поради проблем со десниот зглоб, Шпанецот направи пауза од 140 дена помеѓу повлекувањето од турнирот во Барселона и обидот да се врати на Отвореното првенство на САД, додека Италијанецот, поради болки во коленото, направи пауза по освојувањето на Вимблдон, се обиде да тренира, а потоа објави дека нема да се врати на теренот пред првите турнири во 2027 година.

Ќе поминат 180, можеби и повеќе дена, пред повторно да го видиме Синер во акција. За да биде уште полошо, овие проблеми ги зафатија двајца од најдобрите тенисери во светот доста рано. Јаник има 25 години, Карлос има 23.

Затоа, Алкарас не се откажува од ставот дека АТП-организацијата ги преоптоварила најдобрите тенисери во светот со бројот на турнири во календарот, и покрај фактот дека некои постари играчи, како што е Рафаел Надал, ги критикуваат неговите изјави за ова прашање.

„Една од работите на кои мора да обрнеме внимание е зголемениот број повредени играчи. Мислам дека понекогаш премногу нè притискаат, дека нè принудуваат да играме премногу турнири и натпревари и дека веќе се преминуваат некои граници. Мислам дека сè оди во погрешна насока“, рече Алкарас по пристигнувањето во Шангај, откако претходно го зеде пехарот за победникот на турнирот во Токио.

„Му посакувам сè најдобро на Јаник, се надевам дека ќе го искористи овој месец за да закрепне и да биде целосно подготвен за следната сезона. Се надевам дека наскоро ќе се видиме, но мислам дека организаторите треба малку посериозно да размислат што се случува со играчите на турнирите“, повтори тој во интервју за „ТНТ Спортс“.

Карлос Алкарас и Јаник Синер се сретнаа само еднаш во 2026 година. Претходно играа шест пати.

 

 

ИЗДВОЕНИ