Од понеделник, 12 октомври, системот за видеонадзор „Безбеден град“ официјално започнува со работа и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
По завршувањето на сите технички проверки и финални тестирања, камерите поставени на клучните сообраќајници во охридскиот регион ќе бидат целосно ставени во функција.
Од МВР истакнуваат дека активирањето на овој систем има за цел да обезбеди засилена и континуирана контрола на патиштата, навремено детекторање и санкционирање на сообраќајните прекршоци, како и подигање на сообраќајната дисциплина за поголема безбедност на сите учесници.
Поради ова, од полицијата апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно управување со возилата да придонесат за безбеден сообраќај.












