Шпанскиот ас Карлос Алкарас продолжува со одличните настапи на САД Опен и обезбеди место во четвртфиналето, откако во осминафиналето го совлада Американецот Томи Пол со 6:4, 6:3, 6:4.
Шпанскиот тенисер до победата стигна по два часа и 17 минути игра, со што ја продолжи победничката серија во Њујорк. Иако пред почетокот на турнирот четири и пол месеци беше надвор од терените поради повреда на зглобот, Алкарас изгледа сè посигурно и досега загуби само еден сет на патот до четвртфиналето.
Во четвртфиналето Алкарас ќе игра против победникот од дуелот меѓу Стефанос Циципас и Бен Шелтон.
Светската женски тенисерка број еден, Арина Сабаленка, продолжува со доминантните настапи на САД Опен и обезбеди место во четвртфиналето, откако во осминафиналето ја совлада Американката Тејлор Таунсенд со 6:4, 6:3.
Белоруската тенисерка до 17. последователна победа на терените во Њујорк стигна за само еден час и 15 минути, со што го продолжи походот кон третата титула по ред на последниот гренд – слем турнир во сезоната.
Во четвртфиналето првата носителка ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Линда Носкова и Марта Костјук.












