Франција се соочува со зголемен ризик од финансиска криза, бидејќи протестите поврзани со трошоците за живот, состојбата во образовниот систем и платите се преклопуваат со буџетските предизвици и неизвесноста пред претседателските избори следната пролет.
Втората по големина економија во Европската унија се бори со растечки јавен долг, голем буџетски дефицит и бавен економски раст, додека инвеститорите бараат повисоки приноси на француските државни обврзници, се наведува во анализата на „Политико“.
Поранешниот премиер Мишел Барние предупреди дека земјата е „на работ на финансиска криза“ и дека властите мора да испратат јасен сигнал до финансиските пазари,пренесува „Танјуг“.












