Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го доби дерби дуелот со Алкалоид со 35:33. Тимот на тренерот Стевче Алушевски во поголемиот дел од мечот бркаше негатива која во еден момент изнесуваше и осум гола разлика за домаќинот, но се врати во финишот и забележа голема победа со која се израмни со ГРК Охрид на втората позиција на табелата во плејофот од Суперлигата. Триумфот е злато вреден, бидејќи доколку загубеа ќе паднеа на четвртото место на табелата.

Најефикасен во редовите на Пелистер беше Дејан Манасков со седум гола, Кузмановски додаде шест, додека на спротивната страна Дамјан Митев броеше до седум, шест постигна Ненад Костески. Никола Митревски на голот на битолчани собра шест интервенции, три повеќе на спротивната страна имаше Галевски.

По овој триумф Пелистер се израмни со Охрид со по 44 бода на втората и третата позиција, Алкалоид остана на 40, додека Вардар е на врвот со 52 бода.

ИЗДВОЕНИ