Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас, крена голема бура на Отвореното првенство на САД. Откако помина четири месеци настрана поради повреда на зглобот, тој објави дека ќе игра што е можно помалку турнири за да го зачува своето тело и по пат да испрати јасна порака до АТП.
Третиот „рекет“ на планетата е еден од најгласните кога станува збор за критики за распоредот, сепак, вистината е дека тој самиот е виновен за ситуацијата во која се нашол, во што верува и Грег Руседски.
Поранешниот британски тенисер вели дека Алкарас скапо го чинеле тешкиот распоред и голем број турнири на кои играл минатата година, како и неколку егзибиции. Овие негови одлуки биле една од причините за прекинување на соработката со долгогодишниот тренер Хуан Карлос Ферер.
„Па, мислам дека Хуан Карлос Фереро велеше: „Престани да бркаш пари за егзибиции, ајде да го направиме распоредот како што треба и да го договориме финансискиот дел меѓу нас двајцата“ – и конечно сфати. Зошто Алкарас се повреди? Играше премногу. Едноставно е така. Не можеш да играш секој егзибициски натпревар за време на меѓусезоната и да очекуваш да останеш во форма и да немаш нервен слом. Човечки е невозможно, без разлика колку си добар. Одлично“, вели Руседски и додава:
„Мислам дека ќе го најде вистинскиот баланс кога станува збор за турнири и ќе го избалансира сето тоа добро. Само мора да прифати дека не може да оди на секој егзибициски натпревар.“
Што рече Алкарас?
Во јануари, Алкарас стана најмладиот тенисер во историјата што ги освоил сите гренд слем турнири, изгледаше незапирливо, а потоа доживеа лоша среќа што го одвои од теренот долго време. Како главен проблем, тој ги гледа задолжителните мастерс турнири кои траат сè подолго…
„Искрено, имав подолга пауза отколку што би сакал. Секако дека не сакав тоа да биде поради повреда. Но, во иднина ќе правам подолги паузи. Можеби не четири месеци, туку еден или два месеца, и ќе прескокнам некои турнири, бидејќи е невозможно да се игра сè. Мислам дека додаваат сè повеќе задолжителни турнири. На некој начин, ние сме принудени да играме. Може да се каже дека не е така и ние го правиме нашиот распоред, но има одредени мастерс 1000, гренд – слем и сите задолжителни турнири што ги наметнува АТП.“
Алкарас верува дека во иднина ќе гледаме сè повеќе повреди, ако нешто не се промени на АТП турнејата…
„На крајот поминувате околу 40 недели натпреварувајќи се. Тоа е невозможно. Гледате многу играчи кои се повредуваат и многу од нив едноставно се исцрпуваат“, рече Шпанецот и истакна:
„Ако не направат ништо за да го поправат ова, ќе видиме повеќе повреди во иднина. Оваа моја пауза не беше добра работа, бидејќи дојде поради повреда, но во иднина самиот ќе правам паузи и ќе прескокнувам турнири. Тоа е сигурно.“












