понеделник, септември 7, 2026
Дома КУЛТУРА ВИС „Билјана“ со јубилеен 15. годишен концерт во предворјето на „Света Софија“...

ВИС „Билјана“ со јубилеен 15. годишен концерт во предворјето на „Света Софија“ во Охрид

0

Звуците на староградската песна повторно ќе одекнат во едно од најубавите и најпрепознатливи места во Охрид. Вокално-инструменталниот состав ВИС „Билјана“ ќе го одржи својот традиционален годишен концерт на 7 септември 2026 година, во предворјето на катедралната црква „Света Софија“, со почеток во 20:00 часот.

Оваа година концертот има посебно значење, бидејќи ВИС „Билјана“ по петнаесетти пат ќе ја собере публиката на вечер исполнета со звуците и убавината на староградската песна.

За јубилејното издание, составот најавува и гости кои дополнително ќе ја збогатат концертната вечер. На сцената ќе настапи градскиот мешан хор „Vox Lichnidos“, како и маестро Тони Арслан.

Преку внимателно одбраниот репертоар и препознатливата интерпретација, ВИС „Билјана“ со години ја негува староградската песна и ја пренесува нејзината убавина до новите генерации. Традиционалниот концерт во Охрид воедно е и можност љубителите на овој музички израз да уживаат во песните во уникатниот амбиент на „Света Софија“.

„Со големо задоволство ве покануваме на овој наш јубилеен концерт заедно да уживаме во звуците на староградските песни“, порачуваат од ВИС „Билјана“.

Јубилејниот 15. концерт на ВИС „Билјана“ е уште една можност Охрид да прозвучи во духот на староградската песна и да се продолжи традицијата која со години ги поврзува музиката, градот и публиката.

Фото: ФБ

ИЗДВОЕНИ