Службите на Општина Центар спроведуваат акција за собирање кабаст отпад во Маџир Маало и во Крњево.
Од локалната самоуправа соопштија дека паралелно се средува вегетацијата и се коси на улиците „Белградска“ и „Педесетта дивизија“.
– Акција на чистење се спроведува и на подрачјето на Зелен пазар, чистење на парковите и на детските игралишта во реонот и одржување на урбаното зеленило – потенцираат општинските власти.












