недела, јули 5, 2026
Дома СКОПСКА Продолжува обновата на детските и на спортските игралишта во Аеродром

Продолжува обновата на детските и на спортските игралишта во Аеродром

11

Од Општина Аеродром информираат дека продолжуваат со засилено темпо да ги обновуваат детските и спортските игралишта на нејзина територија, затоа што, како што велат, секое маало заслужува безбеден, уреден и модерен простор за игра, дружење и рекреација.

– Паралелно со санацијата на игралиштата, ја обновуваме и урбаната опрема, со што јавните површини ги правиме пофункционални, поубави и попријатни за сите генерации. Со секој реализиран проект, создаваме подобри услови за секојдневниот живот на нашите сограѓани. Нашата цел е Аеродром да биде општина во која децата безгрижно играат, младите спортуваат, а семејствата уживаат во уредена и современа околина – соопштија од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ