понеделник, октомври 26, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Агрометеоролозите советуваат да се искористат деновите без врнежи за завршување на есенската...

Агрометеоролозите советуваат да се искористат деновите без врнежи за завршување на есенската сеидба

10

Земјоделците треба максимално да ги искористат деновите без врнежи за завршување на сеидбата и садењето на отворено. Успешното презимување на културите ќе зависи од правилната сеидба и искористувањето на преостанатата топлина и влага во почвата, советуваат агрометеоролозите од УХМР.

Сеидбата на јачменот, ’ржта и пченицата е при крај, со цел културите да развијат силен коренов систем пред појавата на првите силни мразови. Во градинарството се расадува есенска зелена салата, а директно се сеат спанаќ и рукола. Кон крајот на октомври се сее и морков и магдонос.

Во овоштарството, поволните температури и влажноста на почвата се погодни за засадување нови насади со јаболка, круши, сливи и бобинки.

Агрометеоролозите препорачуваат и превентивна есенска заштита и дезинфекција бидејќи високата релативна влажност на воздухот создава услови за развој и презимување на фитопатогени организми.

ИЗДВОЕНИ