сабота, февруари 21, 2026
Дома СВЕТ Абас изрази подготвеност за соработка со Трамп за постигнување мир на Блискиот...

Абас изрази подготвеност за соработка со Трамп за постигнување мир на Блискиот Исток

147

Палестинскиот претседател Махмуд Абас упати честитка до американскиот претседател Доналд Трамп по повод неговата инаугурација, нагласувајќи ја подготвеноста на палестинските власти да соработуваат со Трамп за да се постигне мир за време на неговиот мандат.

Тој истакна дека мирот мора да се гради врз темелите на решението за две држави и меѓународниот легитимитет, се вели во соопштението од кабинетот на Абас.

„Оваа визија се стреми кон формирање на држава Палестина која ќе може да живее во мир и безбедност со државата Израел“, рече Абас.

ИЗДВОЕНИ