Германецот Александар Зверев е новиот светски тениски рекет број еден. Со овој успех, тој им се придружи на тенисерите што претходно успеаја да стигнат до врвот на АТП- листата. Откако е воведена АТП-листата, во август 1973 година, само 29-мина тенисери успеале да стигнат до првото место на АТП.
Меѓу нив се Бјорн Бор, Џими Конорс, Џон Мекинро, Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Сега, во ова друштво е и Зверев, а неговиот пат до врвот на АТП-листата воопшто не беше лесен.
Како син на поранешните тенисери Александар и Ирина Зверева и како и помлад брат на поранешниот 25. тенисер во светот – Миша Зверев, тој беше опкружен со овој спорт уште од детството. Како тинејџер, тој покажа дека има потенцијал за најголеми достигнувања. Уште во 2016 година, кога имаше само 18 години, речиси создаде сензација против Рафаел Надал, на турнирот во Индијан Велс.
Но, на турнирот во Виена, тој боруваше и за набиениот календар во сезоната.
– Во еден момент сето ова станува бесмислено. Но, ова го зборувам веќе десет години и ништо не се менува. Мислам дека во моментов играчите сè повеќе зборуваат за ова и го изразуваат своето незадоволство. Според мене, работите, за жал, се движат во погрешна насока – порача Зверев.
Неговиот предлог е сезоната да биде пократка за две до три недели, со што тенисерите би добиле повеќе време за одмор и за подготовка на своето тело.
Неодамна, АТП воведе пауза по Вимблдон и го намали бројот на задолжителни турнири од серијата 500 од пет на четири. Сепак, многу мастерс-турнири сега траат подолго, а тениската сезона и понатаму се протега на речиси 11 месеци.












