четврток, октомври 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Таткото на Ристов: „Немам верба во државата, со овие 10 прста сум...

Таткото на Ристов: „Немам верба во државата, со овие 10 прста сум ги заработил парите“

0

Здравко Ристов, таткото на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов, пред судот денеска сведочеше дека 350.000 евра пронајдени во ѕидот на семејната куќа во Неготино биле негови и на сопругата Донка, заработени од нивната земјоделска работа.

На прашањето зошто парите не ги пријавиле, туку при претресот кажале дека немаат такви пари, Здравко одговори:

„На кого да пријавам? Немам верба во државата. Сум се мачел за нив со овие 10 прсти.“

Тој рече дека децата не знаеле за парите, но дека би им дал доколку им затребале, со очекување да му ги вратат.

„Децата не знаеја. Кога им требаше, ќе им дадев, ќе ми ги вратат.“

Пред судот кажа и дека при претресот на полицијата им рекол дека парите се нивни – негови и на сопругата.

„На полицијата им реков дека се наши, мои и на сопругата.“

Здравко Ристов објасни дека парите ги менувале во менувачници во Неготино и Бит Пазар.

На прашањето од судот кој ги ставал парите во ѕидот, тој одговори дека тоа го правела неговата сопруга.

„Сопругата. Јас пари не ставав. Таа беше должна за тоа. Јас создавав, таа чуваше.“

Тој додаде дека не сакал парите да им ги даде на децата бидејќи, како што рече:

„Ако сум им ги дал парите на децата, може ќе ги искоцкаа, ништо не се знае…“

Судијката го праша и како е можно при вештачењето да не биле пронајдени траги ниту од него ниту од сопругата, туку од синот Ѓоко.

„Нема шанси“, одговори Здравко Ристов.

Адвокатот на одбраната најави дека на следното рочиште нивните вештаци ќе објаснат зошто, според одбраната, на фолиите не биле пронајдени траги од Здравко и Донка Ристови.(П.А.)

ИЗДВОЕНИ